петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Србија и Португалија ремизираа во Белград, бламажа на Р.Ирска против Луксембург

Србија и Португалија ремизираа во Белград, бламажа на Р.Ирска против Луксембург

 Фудбалската репрезентљација на Србија под водство на новиот селектор Драган Стојковиќ Пикси и по две кола во квалификациите за СП 2022 има четири бода во дуелите со фаворитите во групата А.

По победата над Ирска, Србија вечерва одигра 2:2 против европскиот шампион Португалија иако по првото полувреме губеше со 0:2.

Диого Жота во првите 15. минути ги шокира Србите, но селекторот Стојковиќ уште еднаш погоди со измените.Вечерва тоа беше Немања Радоњиќ кој имаше две асистенции, првата кон Митровиќ, а втората кон Костиќ со чии голови Србија успеа да дојде до пораз.

По поразот од Србија, селекцијата на Ирска во Даблин доживеа уште поголем шок, загуби од Луксембург со 0:1. За најголемото изненадување на денешните натпревари се погрижи Родригес со голот на пет минути пет крајот на натпреварот.

Од голема бламажа се спаси Словачка која по само 20. минути губеше со 0:2 од аутсајдерот Малта. Сепак, на стартот од второто полувреме, Стрелец во 49. и Шкринијар во 53. минута, Словачка дојде до бод.Чешка и Белгија ремизираа 1:1. Чесите поведоа со голот на Провод во 50. минута, а Белгија до израмнување дојде преку Лукаку десет минути подоцна.