Кошаркарите на скопски ТФТ тафталиџе претрпеа нов пораз во БИБЛ лигата, втор од Берое со што ги загубија шансите за пласман на завршниот турнир во ова натпреварување.
Дуелот против Хапоел Гилбоа Галил во последното 4. коло ќе биде од ревијален карактер. Скопскиот тим се бореше до последен момент, меѓутоа завршните 10 минути и резултатот 26-11 не беше доволен за остварување на позитивен резултат на ова гостување.
Бејли со 19 поени беше прв стрелец кај ТФТ, по 14 дадоа Митревски, Херис и Смит кој зад своето име запиша уште 11 скокови.