недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Руски судии ќе ја делат правдата Германија-Македонија

Руски судии ќе ја делат правдата Германија-Македонија

Руски судии ќе бидат задолжени да ја делат правдата на дуелот меѓу Германија и Македонија во рамките на третото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Сергеј Карашев ќе застане на центарот на „Шојнсленд Рајзен Арена“ во Дуизбург. 41-годишникот не е непознаница за нашата репрезентација, кој ја делеше правдата на дуел со Шкотска пред девет години. Помошници ќе му бидат Максим Гаврилин, Игор Демешко и Владимир Москалев.

Натпреварот Германија – Македонија се игра в среда со почеток од 20;45 часот.