сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лидерската средба и понатаму во фокусот на случувањата: Мицкоски самоуверен и смирен, Заев нервозен

Лидерската средба и понатаму во фокусот на случувањата: Мицкоски самоуверен и смирен, Заев нервозен

Тет а тет средбата помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и СДСМ Зоран Заев и понатаму е во фокус на случувањата, бидејќи измените на законот за попис се уште не се донесени, а според сегашниот закон, пописот веќе треба да започне да се спроведува.

Аналитичарот кој го контактиравме даде оценка за лидерската средба, нагласувајќи дека со седнување на маса за двајцата лидери од македонскиот блок, значи дека Македонија навистина влегла не само во здравствена и економска криза, туку и политичка, оценувајќи го настапот на Мицкоски како самоуверен и смирен, додека Заев за нервозен и паднат.

Мислењето на аналитичарите е дека со постигнатиот договор неминовно е признавањето за издвојување на успехот на Мицкоски да го пролонгира одржувањето на населението, но и барањата за отворени листи и фингерпринт терминали за локалните избори. Она што тој во минатото го говореше, сега го исполни, се увиде дека чесни се неговите намери кога говореше дека мора да има разум, бидејќи здравјето е пред и над се, и дека животот нема реприза.

Со самото тоа што Мицкоски излезе прв да држи прес конференција јасно беше дека победил во овие преговори и успеал да го убеди Заев да го одложи пописот. Вие погледнете ги претходните негови настапи и ќе видите дека во секое негово интервју беше конзистентен и јасен, мора да се одложи пописот зошто здравјето на граѓаните е на прво место. И мислам дека е за секоја пофалба ваквиот успех, бидејќи ако гледате хронолошки СДСМ до пред почетокот на лидерската преку соопштенија и изјави убедуваше дека мора да има попис без да ја согледа реалната здравствена состојба, вели тој.

Од друга страна пак Заев беше видно вознемирен и тоа до некаде може и да се разбере, бидејќи пописот им беше политички договор меѓу неговиот коалициски партнер ДУИ. Сега седи на маса разговара да го одложи пописот, а од друга страна пак стравува дека ДУИ може да излезе од влада и да му ја разниша стабилноста и на така веќе климавото мнозинство, вели аналитичарот кој го контактиравме.
Тој смета дека лидерите не откриваат се што се разговарало, но дека имало натегање по однос на некои прашања.

Не знаеме што точно било ставено на маса и што се дискутирало од страна на лидерите, но сигурно по однос на некои работи имало натегање. Сепак за да го убедите Заев не е лесно, со оглед дека може да го промени договореното, така правел и во минатото едно ќе договорат на маса, кога ќе стане зборува сосем друго, вели тој.

Во однос на носењето на измените на законот за попис се уште има некои несогласувања, тука пред се мислам на претставниците во парламентот од албанскиот блок, но предложените измени ќе треба да се донесат со скратена постапка, така што мора да се запазат сите процедури од формален аспект, додава тој.

Доколку не се постигнеше договор за пролонгирање на пописот во септември, денеска веќе требаше да започне попишување на населението и домаќинствата.

Најнови вести