Откако Никола Силаџи се пресели во редовите на кошаркарскиот тим Пелистер, неговиот предходен клуб Кожув се засили со играч на неговата позиција.
Нов играч на Кожув е 28-годишниот српски интернационалец Љубомир Чампара. Игра на центарската позиција, висок е 207 сантиметри, а во кариерата играл за повеќе клубови од регионот.
Последен тим за кој настапувал е чешкиот Усти Над Лабем за кој просечно постигнувал по 8,5 поени, 4,1 скок и безмалку една асистенција по натпревар.