вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серхио Рамос го пропушта мечот со Ливерпул и дуелот со Барселона

Серхио Рамос го пропушта мечот со Ливерпул и дуелот со Барселона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, поради повреда, ќе го пропушти клучниот дел од сезоната. Реал, викендов ќе го пречека Еибар, а потоа исто така на домашен терен ќе игра против Ливерпул и Барселона.

Лоша вест за тренерот Зинедин Зидан е што поради повредата на бутниот мускул, Рамос ќе паузура еден месец.

Тоа значи дека тој нема да може да игра против Ливерпул ниту во реваншот на „Енфилд“, а во Ла Лига ќе ги пропушти натпреварите со Хетафе, Кадиз и Бетис.

Покрај Рамос, дуелите со Еибар и Ливерпул ќе ги пропуштат и Феде Валверде, Дани Карвахал и Еден Азар. Тони Крос нема да игра против Еибар, а во клубот се надеваат дека ќе биде подготвен за четврт-финелето против Ливерпул.