Од денеска и утре официјално се пуштаат во продажба албумите на Панини за претстојнтоо Европско првенство во фудбал.
Пласманот на македонската фудбалска репрезентација донесе голем интерес за овој албум, кој годинава македонските фанови ќе имаат посебен мотив да го наполнат затоа што во него се и нашите репрезентативци.
Според првите информации, албумот ќе се продава по цена од 80 денари, а со него веднаш добивате и едно пакетче сликички гратис.Цената за едно пакетче со пет сликички внатре, од утре ќе се продава за 40 денари.