Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ќе се бори за влез во најквалитетната АБА-лига, а „балонот“ каде тимовите ќе разигруваат ќе се игра во Подгорица.
Последниот турнир ќе се одигра во периодот од 19 до 26 април, на кој осумте екипи-четвртфиналисти ќе се борат за првите две позиции кои водат во елитната јадранска конкуренција.
Според распоредот МЗТ својот прв натпревар ќе го игра на 20 април, а противник ќе биде српскиот тим на Младост Земун.
Скопски Работнички требаше да игра за опстанок во плеј-аутот со словенечки Хелиос, но натпреварите се откажани поради пандемијата со коронавирусот.
Од Јадранската лига информираат дека сите екипи кои настапувале во АБА2 во сезоната 2020/2021 ќе имаат право на учество во сезоната 2021/2022 доколку тоа го стекнат преку националниот шмпионат или со доделување на специјална покана.