петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Време е за вечното македонско фудбалско дерби – Пелистер против Вардар

Време е за вечното македонско фудбалско дерби – Пелистер против Вардар

Фудбалските тимови на Пелистер и Вардар играле натпревари за врвот од табелата, но оваа сезона ситуацијата е нешто поинаква, тие се среќаваат во битка за излез, или бегство од дното.

Пелистер во Битола од 15 часот го пречекува вечниот ривал Вардар, кој е само два бода зад нив на табелата и во опасната зона која води во понизок ранг на натпреварување,а мечот е во рамките на 25-коло од ПМФЛ.

Од таборот на Пелистер внимателно гледаат на овој натпревар, нивниот тренер Капинковски верува дека доколку одиграат според договореното, тие ќе бидат победници.

Ова е дерби кое секогаш е интересно. Кажав и пред натпреварот во Скопје, нема изразити фаворити, без разлика на форма, бодови и ситуација во клубови. Видовме дека претходниот натпревар заврши 2-2, со доста голови и фудбал. Се надевам на таков натпревар и во Битола. Секој си има свои математики, а ние како и на секој дуел играме до максимум и да ги освоиме бодовите“.

Исто така денес од 15 часот се среќаваат уште:

Работнички – Борец
Шкендија – Силекс
Шкупи – Ренова
Струга Т.Л – Беласица

foto:gol.mk