понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зидан пред Ливерпул: За Реал овој меч е како финале, Клоп е одличен тренер, напаѓачкото трио им е многу ефикасно

Зидан пред Ливерпул: За Реал овој меч е како финале, Клоп е одличен тренер, напаѓачкото трио им е многу ефикасно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите со Ливерпул.

– За нас е како финале. Има 180 минути пред нас, но пред сè мислиме на утрешниот натпревар. Клоп е одличен тренер со многу искуство. Сега неговата работа е видлива во текот на целата негова тренерска кариера. Ливерпул има одлични играчи кои можат да ги заменат повредените. И ние се соочуваме со повредени, но Реал е секогаш е силен. Секогаш ќе недостасува некој, но тоа не треба да биде причина за некакво алиби. Ливерпул е многу кохезивен тим. Триото напаѓачи е добро и многу ефикасно, но целиот тим е многу силен, изјави Зидан за шпанските медиуми.

Натпреварот ќе се одржи утре, 6 април со почеток во 21 часот.