вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија регистрирани нови 3.615 случаи – 42 лица ја изгубиле борбата со коронавирусот

Во Србија регистрирани нови 3.615 случаи – 42 лица ја изгубиле борбата со коронавирусот

Во претходните 24 часа 42 лица починаа од последиците на коронавирусот во Србија. Регистрирани се 3.615 нови случаи, а беа тестирани 15.904 примероци, објавено е денес на веб-страницата covid19.rs.

Има 7.938 лица на болничко лекување, а 267 пациенти на респиратори.

Вкупниот број на починати е 5.579, а стапката на смртност е 0,89. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 629.388 случаи, а тестирани се 3.531.777 лица.