недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Суарез се повреди, го очекува подолго пауза

Суарез се повреди, го очекува подолго пауза

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез му создаде проблеми на тренерот Диего Симеоне, откако се повреди на тренингот на Атлетико Мадрид и шпанските медиуми пренесуваат дека го чека долга пауза.

Суарез ја повредил левата нога, а првите информации се дека ќе паузира до три недели.

Суарез даде 19 голови сезонава за Атлетико Мадрид, но влезе во лоша форма и има постигнато само еден погодок на последните четири меча.