вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Можна е задолжителна вакцинација на овие лица во Србија – во наредните неколку дена ќе се разгледува оваа опција

Можна е задолжителна вакцинација на овие лица во Србија – во наредните неколку дена ќе се разгледува оваа опција

Српската Влада за неколку дена би можела да го разгледа предлогот за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници против коронавирусот, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Тој објасни дека земјата би можела да воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Не смееме да дојдеме во ситуација да се зарази медицински работник, а потоа да се прашуваме дали били или не бил вакциниран, нагласи Лончар.

Во Србија, каде живеат седум милиони жители, барем една доза од вакцините против Ковид-19 ја примиле 2,7 милиони граѓани. Премиерката Ана Брнабиќ истакна дека до крајот на месецов се очекува да бидат вакцинирани 40 отсто од населението на возраст над 18 години. (МИА)