среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

СКАНДАЛ: УЕФА пријавила наместени натпревари во Србија, под истрага фудбалери и уплати

СКАНДАЛ: УЕФА пријавила наместени натпревари во Србија, под истрага фудбалери и уплати

УЕФА добиле податоци за можни наместени два натпревари во српскиот фудбал.

Фудбалскиот сојуз на Србија од УЕФА добил податоци за можни наместени натпревари во домашното натпреварување.

Истрагата тргнала од следење на уплата во обложувалници во Европа и Азија, каде се идентификувани сомнителни работи. Обемна документација пристигнала во ФСС, а се однесува на два натпревари одиграни неодамна, односно во март годинава. Еден од натпреварите бил одигран на почеток од месецот, еден на крајот.

Според информации, не се следени само уплатите и исплатите, туку по лупа на истражните органи се и влоговите на некои играчи, а и начините на кои се постигнати головите.

Наводно се сомничат неколку фудбалери кои УЕФА ги именувала, а кои и од претходно имаат историја за сомнителни натпревари.