Во градот Енкантад се гради статуа на Исус Христос, која, според сите проценки, ќе биде поголема од онаа во Рио де Жeнеиро, а со тоа и најголемата во Бразил.
Работата на изградбата на статуата Христос Заштитник, како што ќе се нарече, започна во 2019 година, а оваа грандиозна креација е висока 43 метри.
Во вторникот, на 6 април, главата беше поставена и рацете беа раширени, што му даде форма на споменикот.
Статуата е изградена од бетон и железо, а работите се очекува да завршат до крајот на оваа година.