Флорентино Перез автоматски е реизбран за претседател на Реал Мадрид, објави „АС“.
Според шпанскиот весник, 74-годишниот функционер бил единствениот кандидат за оваа позиција, па затоа гласањето не било ниту одржано.
Според новиот договор, Перез ќе го води мадридскиот клуб до 2025 година. Тој го водеше Реал Мадрид во последните 12 години, а претходно исто така беше прв човек на „кралскиот клуб“ од 2000 до 2006 година.
Претходно беше објавено дека бизнисменот Енрике Рикелме има намера да се натпреварува со долгогодишниот претседател на Реал Мадрид, но тоа не се случи.