Компанијата „Џонсон и Џонсон“ започна со испорака на вакцини против коронавирус во земјите од Европската Унија.
Портпаролот на компанијата соопшти дека целта е во 2021 година да се испорачаат 200 милиони вакцини во ЕУ, Норвешка и Исланд.
„Џонсон и Џонсон“ разви вакцина која се дава во една доза, без потреба за ревакцинација.
-Првите дози ги напуштаат магацините, изјави портпаролот на Европската Комисија.
Информацијата ја потврди и Питер Лиси, еден од германските претставници во ЕУ од редовите на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел.