Денеска имаме еден тренд на намалување на новодијагностицирани случаи, некаде околу 1000 што потврдува дека епидемиолошката крива е во констинуиран пад. Тоа е добар податок.
Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.
-Мерките во рамки на предвидувањата ги даваат своите резултати, нагласи министерот.
Филипче истакна дека притисокот во болниците е се уште голем, има голема бројка на хоспитализирани.