Секторот за внатрешни работи Скопје – Полициска станица Бит Пазар, по преземени мерки и активности, расчисти неколку кражби на велосипеди на територијата на Скопје.
На 25.03.2021, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на И.Р.(28) од Скопје, при што биле пронајдени пет велосипеди, кои биле одземени од неговиот татко Н.Р.(52), кој бил присутен на претресот. На 14.04.2021 било извршено препознавање на велосипедите и два биле вратени на сопствениците кои биле украдени во мај и јуни 2019 година.
По целосно документирање и расчистување на случаите ќе биде поднесена кривична пријава.