Претседателот на САД петта година по ред нема да го прими актуелниот шампион во НБА лигата во Белата куќа.
За разлика од претходните четири, кога екипите одбиваа да ја продолжат традицијата поради бојкотот кон Доналд Трамп, сега ситуацијата е поинаква.
Лос Анџелес Лејкерс треба да гостува во Вашингтон на 27 април, но кошаркарите и стручниот штаб ќе ја заобиколат Белата куќа поради протоколите во врска со корона вирусот.
Така, Леброн Џејмс и Кливленд Кавалирс остануваат последни кои биле на прием кај американскиот претседател, но во 2016 година, кај Барак Обама.
Не е исклучено Лејкерс, сепак, да отидат во Вашингтон, но подоцна оваа година, кога ситуацијата со пандемијата малку ќе се смири.