вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанец измамен: Преку ФБ му кажале дека добил наследство, па уплатил 4530 евра за да му го префрлат

Охриѓанец измамен: Преку ФБ му кажале дека добил наследство, па уплатил 4530 евра за да му го префрлат

На 19.04.2021 година во СВР Охрид, 53 годишен жител од Охрид пријави измама сторена на 01.03.2021 на социјалната мрежа „Фејсбук“.

-Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг ФБ профил, бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да истото, му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, информираат од СВР Охрид.

Тој, во неколку наврати лично уплатил вкупно 3730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.