среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија ќе има двајца судии на завршницата од БИБЛ лигата

Македонија ќе има двајца судии на завршницата од БИБЛ лигата

Македонската кошарка ќе има двајца судиски претставници на завршниот турнир во регионалната кошаркарска БИБЛ-лига.

Александар Милојевиќ и Александaр Павлов ќе бидат дел од завршниот турнир кој ќе се одигра во Израел. За Милојевиќ ова е втор „фајнaл-фор“, додека Павлов првпат е дел од завршницата на оваа лига.

Павлов ќе го суди првото полуфинале меѓу бугарските Берое и Академик Пловдив, додека Милојевиќ е прв судија на израелскиот полуфинален двобој меѓу Холон и Гилбоа Галил.

Ф4 турнирот ќе се одржи од 27 до 29 април во „Тото арена“ во оваа земја.