Голманот на ПСЖ Кејлор Навас, го продолжи договорот со францускиот првак до јуни 2024 година.
Навас пред две сезони беше позајмен на ПСЖ од редовите на Реал Мадрид, за во летото 2019 година го комплетира трансферот на „Паркот на Принцовите“ за сума од 15 милиони евра.
Навас во 72 настапи вкупно дури 36 пати ја сочува својата мрежа, а оваа сезона е втор најдобар голман во Лига 1 со само 16 примени гола во 25 меча, во кои 14 пати заврши без примен гол.