сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вработен во шпедиција измамил скопјанец

Вработен во шпедиција измамил скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(47) од Скопје, вработен во шпедиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на јуни минатата година, пријавениот во неколку наврати убедил лице од Скопје да учествува на неколку лицитации и од него побарал да уплати пари на сметки кои му ги доставувал.

Притоа, оштетениот уплатил вкупно 810.400,00 денари.

Откако по неколку дена, како што му било ветено, не ја добил стоката, сфатил дека бил измамен.