понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По Германија и Франција, Британија се обидува да го убеди Трамп за иранскиот договор

По Германија и Франција, Британија се обидува да го убеди Трамп за иранскиот договор

По посетите на водачите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, на Вашингтон, вчера и британската премиерка Тереза Меј направи обид да го убеди претседателот на САД Доналд Трамп да остане во нуклеарниот договор со Иран. Трамп и Меј разговарале за иранското прашање по телефон, а британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон отпатува во посета на Вашингтон, на средби со потпретседателот Мајк Пенс и советникот на Трамп Џон Болтон.

Трамп најави дека ќе донесе одлука за иранскиот договор до 12 мај. Според договорот, кој со Иран го потпишаа САД, Русија, Кина, Германија, Франција и Британија, Иранците добија олеснување од санкциите, а за возврат се обврзаа да ја замрзнат својата нуклеарна програма. Трамп жестоко го критикуваше договорот и предупреди дека целта на Иран е да развие нуклеарно оружје со кое ќе може да се заканува на Израел и на сунитските арапски соседи. Русија и Кина остануваат посветени на договорот, а Британија, Франција и Германија се ангажираа да ги убедат САД во потребата договорот да остане на сила. Критичари на договорот во САД обвинуваат дека милијардите долари што Иран ги доби по олеснувањето на санкциите биле употребени за проширување на војните во Сирија и Јемен.

– Обединетото Кралство, САД и нашите европски партнери се обединети во напорите да се спротиставиме на иранското однесување со кое Блискиот Исток станува помалку безбеден, да се спротиставиме на нивните кибер активности, нивната поддршка за групи како Хезболах, и на нивната опасна ракетна програма со која ги вооружуваат Хути бунтовниците во Јемен, изјави Џонсон пред посетата на Вашингтон.