Пред дуелот со Челзи во полуфиналето од фудбалската Лига на Шампиони тренерот Зинедин Зидан дефинитивно нема да може да смета на уште еден стандарден првотимец Рафаел Варан.
Варан се повреди на лигашката средба против Осасуна и нема да биде подготвен за мечот на „Стемфорд Бриџ“, а ќе биде неизвесен и за дербито против Севилја во Шпанската Примера Дивизија.
Позитивна вест е што Серхио Рамос и Ферлан Менди тренираа со групата што значи дефинитивно има шанса да добијат зелено светло за настап. Дуелот Челси-Реал се игра во среда од 21 часот.