Месец мај веќе започна, а според метеоролозите убавото време ќе биде на наша страна во текот на целиот месец.
Нема веќе да има дожд како во претходните два месеци, а на сцена ќе настапи и вистинската пролет и најавата на летото.
Според долгорочната прогноза јасно се гледа какво време ќе имаме во наредните 31 ден, па според тоа јасно е дека сонцето и високите температури ќе му влијаат позитивно на секого.