недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Нетанјаху му истече рокот за формирање нова израелска влада

На Нетанјаху му истече рокот за формирање нова израелска влада

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа до синоќа на полноќ да состави владејачка коалиција во предвидениот рок од 28 дена, врз основа на мандатот кој му го довери шефот на државата Рувен Ривлин.

Сега е поголема можноста конзервативната партија „Ликуд“ на Нетанјаху да замине во опозиција, првпат по 12 години.

Локалните медиуми објавија дека претседателот Ривлин има на располагање три дена да одлучи како ќе постапи, а тој најави дека денеска ќе контактира 13 партии кои имаат свои пратеници во Кнесетот за разговори околу „продолжување на процесот за формирање влада“.

Ривлин би можел да му го додели мандатот или на лидерот на центристичката партија „Јеш Атид“ (Има иднина) Јаир Лапид, или на лидерот на партијата „Десно“ Нафтали Бенет, но постои можност и да му даде на Парламентот рок од три недели да избере некој друг кандидат.

Доколку сите овие опции бидат неуспешни, тогаш ќе се организираат нови петти по ред парламентарни избори за последните две и пол години.