Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски разговарал со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и договориле да остварат средба во петок на 07.05.2021 година.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одмрзне односите со претседателот, информираше на денешниот брифинг со новинарите Мицкоски.
Двете теми на кои што ќе се разговара на средбата се случувањата од 27 април и актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа нашата држава моментално.