Екипата на Ангели го завери своето место во машкиот кошаркарски шампионат. Овој тим сосема заслужено доби прволигашки статус, во текот на целата сезона бележеше одлични резултати, а откако минатата година не успеа да се најде во „елитата“ поради пандемијата на коронавирус и одлуката на КФСМ, овој пат на терен покажа зошто треба да бидел дел од Првата лига.
Ангели го доби и вториот дуел со Чаир и славеше со 64-62.