сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во Србија на дерби натпреварите ќе судат странски судии ?

Во Србија на дерби натпреварите ќе судат странски судии ?

Откако Европската фудбалска унија (УЕФА) откри 81 сомнителен меч за местенки во Србија, нашиот северн сосед најверојатно ќе се соочи со „грчко сценарио“, најавуваат медиумите од Србија.

Според информациите, најважните мечеви на првенството би требало од следната сезона да ги судат странски судии.

Србија од следната сезона ќе го воведе и ВАР за да се исфрлат сите можни спорни ситуации, но и во ВАР-собите би требало да има судии од други држави.

Инаку само да споменеме во Грција странски судии делат правда на најважните мечеви со цел да се спречи било какво влијание врз домашните арбитри за да судат за некого.