Во последниот меч од 35. коло во Шпанската Примера дивизија, вечерва на својот стадион Реал Мадрид не успеа да ја победи Севиља, откако одиграа нерешено 2:2 и со тоа не се искачија на врвот на табелата.
Реал тргна добро и Бензема веќе во 12. минута погоди. Сепак, по ВАР реакцијата голот беше поништен поради офсајд. Само 10 минути подоцна, Ракитиќ асистира, а Фернандо успеа да го погоди голот на домашните и да донесе шок за Реал, за водство од 1:0.
Во вториот дел Реал се врати со израмнување во 67. минута. Само една минута откако влезе на теренот како замена за Модриќ, Марко Асенсио погоди за 1:1. Но, повторно само десет минути подоцна, Севиља се врати во водство. Пенал во шеснаесетникот на домашните, Ракитиќ погоди за водство на Севилја од 2:1.
Во судиското продолжение од 6 минути, Азар успеа да погоди од далечина и да донесе барем бод за „кралевите“ на овој исклучително важен меч.Во моментов лидер во Примера е Атлетико со 77 бода. Реал Мадрид е втор со 75 бода исто колку што има и Барселона, додека Севиља има 71 бод. До крајот на првенството има уште три кола.