Германскиот Борусија Дортмунд е освојувач на германскиот куп по победата од 4:1 против Лајпциг, во финалето кое се одигра во Берлин.
По триумфот минатиот викенд со 3:2 во меч од Бундеслигата, сега Борусија беше поубедлива и славеше голема победа од 4:1. Џејдон Санчо со гол во петтата минута најави каде ќе патува пехарот во десеттото финале во купот што го играше Борусија Дортмунд.
Лајпциг одигра подобро во вториот дел, но стаса само до почесен гол што го постигна Дани Олмо, за потоа Халанд со вториот гол на мечот да ги постави конечните 4:1 за Борусија.