понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли за ремито со Борусија: Создававме шанси, но ни недостасуваше ефикасност

Пиоли за ремито со Борусија: Создававме шанси, но ни недостасуваше ефикасност

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги искажа своите впечатоците по синоќешните 0:0 со Борусија Дортмунд во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Во првото полувреме не игравме многу технички. Потоа имавме неколку шанси, но ни недостасуваше ефикасност. Штета, сакавме да победиме. Тоа беше вистински натпревар од европските купови, со многу светли моменти. Се обидуваме да ги преточиме нашите идеи во игра, во Европа темпото на натпреварите е високо. Борусија Дортмунд има силен тим, но ние направивме добра работа, изјави Пиоли по натпреварот.

На другиот натпревар од 2. коло во групата Ф, Њукасл го победи ПСЖ со 4:1.

Њукасл е прв со 4 бода, ПСЖ има 3, Милан 2, Борусија Дортмунд 1.