понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Синот на Брена и Пријовиќ имаат вишок на пари: Нема да верувате колку чинат нивните свадбени бурми

Синот на Брена и Пријовиќ имаат вишок на пари: Нема да верувате колку чинат нивните свадбени бурми

Накитот што идните младенци еден на друг ќе си ги стават на рака на 21. јуни е направен по желба на пејачката, со иситнети брилијанти.

Тие прстените ги чекаа повеќе од 2 месеци, а сега таа ваажна работа е завршена. Подготовките за гламурозната венчавка и свадбената веселба се при крај, а во организацијата е вклучено целото семејство Живојновиќ.

Боба му помага на Филип околу менито, на кое ќе се најдат специјалитети од седум најпознати европски ресторани, додека Лепа Брена со Александра и нејзината мајка Борка ги завршуваат деталите околу декорацијата на свечената сала.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ инаку искешираа дури 5.000 евра за златни бурми, кои се направени специјално за оваа прилика.

Пејачката, инаку, не се оптоварува многу со прославата и е со мирна глава.

– Нема никакви новости. Полека се се завршува, па се е опуштено. Главните работи ги завршивме. Во меѓувреме снимив и дует песна со Саша Матиќ, кој ќе ни биде гостин на прославата. Јас нормално се уште настапувам, а викендов никаде не пеев, па се посветив на организацијата на свадбата. Се тече по планот, едвај го чекаме тој ден, рече Александра.

Најнови вести