Фудбалерот на Ливерпул Диого Жота заработи незгодна повреда на стопалото поради која ќе ги пропушти последните три средби на „црвените“ во Премиер-лигата.
Англиските медиуми објавија дека овој напаѓач ќе го пропушти дуелот со ВБА, за Јирген Клоп пред мечот да соопшти дека за Жота оваа сезона е завршена.
„Нема добра работа без да ни се случи и нешто лошо. Победивме со Манчестер Јунајтед, но Диого има проблем со коска во стопалото. Изгледа дека не е премногу сериозно, но јасно е дека нема да можеме да сметаме на него до крајот на сезонава“, изјави Клоп.