Лил не успеа да го победи Ст. Етјен на домашен терен (0:0), но иако ПСЖ со триумфот над Ремс (4:0) ја намали негативата, се зависи од резултатот на единствениот ривал за титулата во последното коло на француското фудбалско првенство.
Лил останува со бод предност во пресрет на последното коло. Тоа значи дека со победа Лил ќе ја освои шампионската титула и ќе ја прекине доминацијата на ПСЖ. Вечерва, клубот од Париз лесно славеше против Ремс, поведе преку Нејмар од пенал, а Мбапе, Маркињос и Кеан ги поставија конечните 4:0.
Монако оствари важна победа над Рен (2:1) и ја задржа предноста во однос на Лион, односно бод позитива на еден натпревар до крајот на сезоната и битката за местото кое води во квалификациите за ЛШ. Во последното коло Лил му гостува на Анжер кој веќе обезбеди опстанок, додека ПСЖ му гостува на Брест кој ќе се обиде да избегне плеј-аут бараж.