среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Зошто ќерките се “татини принцези“?

Зошто ќерките се “татини принцези“?

Татковците имаат многу побрзи одговори и се повнимателни со ќерките отколку со синовите. Научниците истражувале како реагира мозокот на татковците кон децата и дали свесно или несвесно се однесуваат поразлично кон нив.

Резултатите покажале дека татковците кон ќерките се поемотивни и поотворени за чувствата, додека со синовите се малку погруби. Затоа ќерките се најчесто “татини принцези“.

Мажите кои имаат синови помалку разговараат со нив и помалку обрнуваат внимание на нивните емотивни потреби, што влијае на емотивниот развој на децата. Џенифер Маскаро од Универзитетот Емори вели дека ако некое дете плаче и го бара татко си, мажите кои имаат ќерки побрзо ќе реагираат од оние кои имаат синови.

Утврдено е дека татковците чести ги користат зборовите како „плаче“, „солзи“ и „осамено“ кога зборуваат со своите малечки ќерки.

Претходните студии покажале дека мажите кои не покажуваат емоции најчесто страдаат од депресија, проблеми со интимноста и имаат поголем ризик да стапат во несреќен брак.