Рускиот кошаркарски тим, ЦСКА Москва го продолжи договорот со тренерот Димитрис Итудис.
Грчкиот стратег го продолжи договорот со оваа екипа до летото 2023 година. Итудис на клупата на ЦСКА Москва е од 2014 година, што е тренер со најголем стаж во модерната историја на клубот.
Итудис откако е на кормилото на ЦСКА по пет пати ги освојуваше рускиот шампионат и регионалната ВТБ лига, два пати беше шампион на Евролигата и два пати беше избиран за најдобар тренер во Европа.