Војската на Нигерија соопшти дека спасиле повеќе 1.000 заложници, поголемиот дел жени и деца, кои исламските екстремисти од групата Боко Харам ги држеле на севериостокот од земјата.
Заложниците се спасени од четири села во сојузната држава Борно, посочува војската, која не прецизираше кога акцијата била изведена.
Меѓу спасените има и неколку мажи кои биле принудени да се борат за Боко Харам.
Таа група е одговорна за илјадници киднапирања, особено на девојчиња и жени, откако во 2009. година почна вооружениеот бунт во Нигерија и околните земји.
Нигериската војска претходно изведе неколку акции за спасување, но многу жртви се уште се водат за исчезнати.