понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Романскиот претседател повторно побара оставка од претседателката на Владата

Романскиот претседател повторно побара оставка од претседателката на Владата

Претседателот на Романија Клаус Јоханис во директно обраќање на националната телевизија повторно ја повика претседателката на Влада Виорика Данчила, која е од редовите на социјалдемократите, да поднесе оставка.

– Оставката на госпоѓа Данчила е апсолутно неопходна за да се ослободи место за одговорни и компетентни луѓе, изјави синоќа Јоханес.

Во оценката на трошењето на државниот буџет во текот на првото тромесечје на годината, Јоханис го опиша развојот на финансиската состојба во земјата како „крајно незадоволителен”.

На 27 април Јоханис побара оставка од Данчила во врска со меморандумот кој Владата тајно го усвоила за преместување на Амбасадата на Романија во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

МИА