недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Чеферин го претстави новото Европско натпреварување

Александар Чеферин го претстави новото Европско натпреварување

Од наредната сезона ќе започне фудбалската Европската конференциска лига, новото натпреварување во организација на УЕФА.

Натпреварите ќе се играат в четврток, заедно со оние од Лига Европа. Учесниците ќе имаат можност да играат за трофејот кој денес беше претставен од Александер Чеферин, првиот човек на Европската куќа на фудбалот.

Освен што ќе им се даде можност на повеќе играчи да уживаат во европскиот фудбал, што може само да им помогне во развојот на нивните фудбалски кариери, натпреварувањето ќе им даде и на клубовите дополнителна шанса да освојат европски трофеј.

Вкупно, 184 екипи ќе учествуваат во текот на сезоната, вклучително и најмалку еден од секоја од 55 асоцијации членки и 46 клубови пренесени од УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Европската Лига

Од македонското првенство во квалификациите за пласман во ЕКЛ ќе учествуваат Шкупи и Струга Трим Љум.