Вакцинацијата на животни против коронавирусот започна во Русија, изјави советникот на директорката на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор, Јулија Мелано.
Таа прецизира дека вакцинацијата на домашни миленици започна во неколку руски области.
– Првите испораки на единствената вакцина против коронавирусот за животни во светот, карнивак-ков, која ја развија руски научници, пристигнаа во руските градови, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата кај животните – рече Мелано, пренесува Тас с.
Карнивак-ков е единствената регистрирана вакцина против Ковид-19 за животни во светот.
Подготовката е развиена од Федералниот центар за здравје на животните и Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија, а е регистрирана на 31 март.
Клиничките испитувања, кои започнаа во октомври минатата година, беа извршени врз кучиња, мачки, лисици, визони и други животни.