Централниот дел на Алјаска утринава, во 9 часот по локално време, го погоди силен земјотрес со магнитуда на ударот од 6,1 степени според Рихтеровата скала.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 48 километри и 95 километри северно од Сатон-Алпско.
Жителите на градовите оддалечени и по повеќе од 100 километри од епицентарот наведуваат дека почувствувале силен земјотрес што доста долго траел. Некои наведуваат дека куќите долго време им се треселе.