Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков денеска го објави широкиот список на потенцијални репрезентативци за квалификацискиот турнир за престојните Олимписки Игри.
Во списокот се најдоа и кошаркарите кои настапуваат во НБА лигата, па јасно е дека овој состав е претендент и за медал на игрите во Токио.
Бекови: Богдан Богдановиќ, Данило Анџушиќ, Огњен Јарамаз, Бранко Лазиќ, Огњен Добриќ, Драган Милосављевиќ, Вања Маринковиќ, Алекса Аврамовиќ, Немања Недовиќ, Марко Гудуриќ
Крила и крилни центри: Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ, Немања Бјелица, Дејан Давидовац, Алексеј Покушевски, Ален Смаилагиќ
Центри: Филип Петрушев, Далибор Илиќ, Никола Милутинов, Бобан Марјановиќ, Мирослав Радуљица, Никола Јокиќ
Србија е организатор на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи од 29. јуни до 4. јули во Белград. Во групата А, „Орлите“ силите ќе си ги одмерат со Доминиканската Република и Филипини, а доколку ја поминат првата фаза и со подобрите од дуелите во групата Б каде се Италија, Порторико и Сенегал.