понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Приведен Македонец, го демолирал споменикот на Хан Аспарух во Бугарија

Приведен Македонец, го демолирал споменикот на Хан Аспарух во Бугарија

Бугарската полиција уапси Македонец во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух, објави бугарскиот весник „Труд“.

Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.

Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“.