четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Организирал прослава со музика во затворен објект – кога дошла инспекцијата и полицијата настанал хаос исполнет со закани

Организирал прослава со музика во затворен објект – кога дошла инспекцијата и полицијата настанал хаос исполнет со закани

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Т.(20) и правно лице – угостителски објект од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „загрозување на сигурноста“.

На 09.03.2021 околу 20.35 часот, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на пријавениот, при што констатирале дека не се придржувал кон протоколите донесени од страна на Владата на РСМ, организирал настан со музичари во внатрешноста на објектот.

При контролата, пријавениот упатил и закани кон полициските службеници и инспекторите од ДПИ.