Девет лица загинаа во железничка несреќа во кинеската северо-западна провинција Ганжу, објавија денеска државните медиуми, пренесе ДПА.
Возот утринава во 5,25 часот по Гринич удрил во работници кои работеле на пругата во близина на Јинчанг, во центарот на провинцијата Ганжу, соопшти агенцијата Ксинхуа, цитирајќи ја групацијата Биро на кинески железница Ланжу
Според владиниот радиодифузер ЦЦТВ, возот што тргнал од Урумчи, во северо-западниот дел на провинцијата Синџијанг, и одел кон источниот кинески град Хангжу, удрил во работниците кои изведувале градежни работи на пругата на линијата Ланксин, пренесува ДПА.
Се уште нема информации за причините за несреќата. Истрагата е во тек.