сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со „фолксваген голф“ удрил во сопственик на продажен објект, па потоа се забил во вратата од истиот

На 03.06.2021 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред продажен објект на ул.„398“, сопственост на браќата А.М.(43) и Р.М.(42), Н.Р. со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки го удрил А.М. и му нанел тешки телесни повреди, по што со возилото удрил во вратата на објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.