недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал подготвен да организира збогување со Рамос

Реал подготвен да организира збогување со Рамос

Прашањето со заминувањето на дефанзивецот Серхио Рамос од Реал Мадрид е блиску до решавање.

Мадридскиот клуб се подготвува да се збогува со фудбалерот. Претседателот на Реал, Флорентино Перез има намера да го контактира Рамос за да организира збогување со него овој месец.

Идејата на Реал Мадрид е Рамос да се фотографира со дваесет и двата освоени трофеја во Реал Мадрид како благодарност за неговиот придонес.

Реакцијата на играчот на оваа идеја е непозната.